Коломбел, Регион Нормандија, Франција

Коломбел е општина во областа Калвадос, Нормандија (Франција) и се наоѓа на 6 километри од градот Каен. 
Територијата на Коломбел има богата историја, нејзиното потекло датира уште од 11 век. 
Денес, Коломбел е позната по нејзините разновидни економски дејности и трговија. Позната е по својата металургиска индустрија и прозводството на камиони „Рено“. 
Коломбел не бележи голем број на жители сè до 20 век кога почнува масовно да се населува поради економскиот раст кој го доживува, најмногу благодарејќи на развојот на металургиската индустрија во тоа подрачје. Покрај нејзината богата природна околина, Коломбел е исто така познат по убавите цркви, меѓу кои црквата „Свети Мартин“ од 11 век како и православната црква „Свети Сергеј“ која е исто така и библиотека со книжевни дела на руски јазик.

За повеќе информации посетете ја интернет страницата на Коломбел.

 

Новаци, Република Северна Македонија

Новаци се наоѓа во јужниот дел од Северна Македонија, на 11 км од Битола и е дел од Пелагонискиот регион. Новаци е една од областите кои биле сосема опустошени за време на Балканските војни и Првата светска војна. Денес, Новаци е една од најголемите општини во Северна Македонија со површина од 773 км2 и 3 268 жители. Земјоделството е еден од најразвиените дејности, особено шумарството, сточарството како и производството на мед. Од туристички аспект, Новаци има богато природно и културно наследство. Во општината се наоѓаат голем број цркви, манастири и религиозни објекти. Најкарактеристично за овој предел е културното наследство останато од Првата светска војна бидејќи Македонскиот фронт бил токму од тука. Антиквитети и ровови од Првата светска војна се сè уште видливи на територијата на Новаци. 

За повеќе информации посетете ја интернет страницата на Општина Новаци.

bflix