Започна проектот за применети странски јазици во високото образование

Започна проектот за применети странски јазици во високото образование

На 4 и 5 ноември 2020 година се одржа првата виртуелна средба во рамките на еврпскиот проект DAFLS (Developing Applied Foreign Language Skills) кој се спроведува во партнерство на Универзитетот од Каен, Нормандија, Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ од Скопје, Универзитетот од Белград и АЛДА Скопје. 
 
За време на видео презентациите учесниците имаа можност да се запознаат со  целите и различните етапи на работа на проектот. Овој тригодишен проект има за цел да создаде нови студиски програми за применети странски јазици во областа на проектен менаџмент на локално и европско ниво.

Идејата за проектот беше иницирана во рамките на децентрализирана соработка помеѓу регионот Нормандија и Северна Македонија, со првата официјална посета во 2015 година од страна на делегација на Универзитетот од Каен во Скопје. 

Проектот е финансиски поддржан од програмата Еразмус+ на Европската Унија за образование, обука, млади и спорт во Европа.

Print
Tags:

Name:
Email:
Subject:
Message:
x

Децентрализирана соработка помеѓу Нормандија и Северна Македонија

Децентрализираната соработка помеѓу партнерите од Нормандија и Северна Македонија се спроведува преку голем број активности на различни теми како Сеќавање и помирување, локална демократија, култура и културно наследство како и млади и граѓанско учество. Овие активности се спроведуваат во конзорциум на повеќепартнерска основа која вклучува: локални власти, граѓански сектор, образовни институции, приватен сектор, национални институции, експерти, граѓани итн.

Канцеларија на соработката – АЛДА Скопје

Канцеларија на соработката во Скопје
Адреса: Бул. Партизански одреди 43б/5
1000 Скопје
Телефон: +389 (0)2 6091 060
E-mail: aldaskopje@aldaintranet.org
Facebook: normandie.macedoine

Публикација Нормандија - Македонија

ИНТЕРНЕТ  АРХИВА

 

bflix