Онлајн научна конференција „Историја, сеќавања и книжевност“

Онлајн научна конференција „Историја, сеќавања и книжевност“

Петок 30 октомври 2020 година. Од 10 до 14 часот.

Францускиот институт во Скопје, организира еднодневна научна конференција на тема „Историја, сеќавање и книжевност“ на следните тематики: последиците од Првата светска војна врз општествата во Франција, Германија и на Балканот, процесот на помирување и воспоставување мир во 20-те години на минатиот век и присутноста на оваа војна во книжевноста.

Во вториот дел од оваа конференцијата, присутните експерти ќе имаат излагања на тема помирување во современ контекст.

Конференцијата ќе биде проследена со изложба на фотографии насловена „Фронтот во Првата светска војна во минатото и денес“ на авторите г-дин Емануел Рембер и г-дин Александар Стојчев.

Г-дин Емануел Рембер, модератор на научната конференција, ќе биде присутен во просториите на Europe House Skopje при Делегацијата на ЕУ. Заинтересираните лица за следење на настанот ќе добијат линк на Zoom преку кој ќе можат да се вклучат на конференцијата.

Учесници:

  • Г-ѓа Ана Димишковска, Професорка на Филозофскиот факултет во Скопје
  • Г-дин Далибор Јовановски, Шеф на Катедрата по историја при Филозофскиот факултет во Скопје
  • Г-дин Емануел Рембер, Советник за култура и соработка во Амбасадата на Франција и Директор на Францускиот институт во Скопје   
  • Г-дин Александар Стојчев, директор на Воениот музеј
  • Г-дин Петар Тодоров, историчар во Институтот за национална историја
  • Г-дин Горан Илиќ, Декан на Правниот факултет во Битола при Универзитетот „Св. Климент Охридски“
  • Г-ѓа Елена Тиловска-Кечеги, Продекан за настава на Правниот факултет во Битола
  • Г-дин Иљо Трајковски, професор по историја во гимназијата во Битола

Преземете ја целосната програма на настанот.

Регистрирајте се на следниот мејл culture@ifs.mk за да добиете линк на Zoom за да ја следите конференцијата онлајн.

Оваа активност е финансиски поддржана од програмата Нормандија за Мир на регионот Нормандија. Во соработка со Правниот факултет при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола.

Научната конференција на социјалните мрежи: #FO2020​

Print
Tags:

Name:
Email:
Subject:
Message:
x

Децентрализирана соработка помеѓу Нормандија и Северна Македонија

Децентрализираната соработка помеѓу партнерите од Нормандија и Северна Македонија се спроведува преку голем број активности на различни теми како Сеќавање и помирување, локална демократија, култура и културно наследство како и млади и граѓанско учество. Овие активности се спроведуваат во конзорциум на повеќепартнерска основа која вклучува: локални власти, граѓански сектор, образовни институции, приватен сектор, национални институции, експерти, граѓани итн.

Канцеларија на соработката – АЛДА Скопје

Канцеларија на соработката во Скопје
Адреса: Бул. Партизански одреди 43б/5
1000 Скопје
Телефон: +389 (0)2 6091 060
E-mail: aldaskopje@aldaintranet.org
Facebook: normandie.macedoine

Публикација Нормандија - Македонија

ИНТЕРНЕТ  АРХИВА