Тема 2 : Локална демократија

Активностите на оваа тема овозможија размени помеѓу партнерите од Северна Македонија и Нормандија за соработката помеѓу локалните власти и граѓанското општество како и помеѓу младите и општините со цел да се поддржи развојот на локалната демократија и активното граѓанство.

 

Активностите на тема Локална демократија опфатија многу различни активности за размена на искуства помеѓу партнерите од Нормандија и Северна Македонија за процесите на децентрализација и соработката помеѓу локалните власти и граѓанското општество.

Активностите на тема Локална демократија се одвиваа од мај 2017 до април 2018 година.

Жените на франкофонијата : двигатели на промени

Жените на франкофонијата : двигатели на промени
Posted: септ. 16, 2019

Петтиот регионален франкофонски семинар за родова еднаквост на тема „Економско зајакнување на жените, улогата на жените претприемачи во земјите од Централна и Источна Европа: за предизвиците, напредокот и пречките“ се одржа на 10 и 11 септември 2019 година во Скопје. Настанот беше организиран од страна на Министерството за надворешни работи и Меѓународната организација на Франкофонијата.

На дводневниот семинар учество зедоа околу 25 претставници од приватниот, јавниот и граѓанскиот сектор од 7 балкански земји. Учесниците имаа можност да презентираат, дебатираат и да разменат искуства за улогата и застапеноста на жените во професионалниот сектор, како и начините за нивно економско јакнење. 

Настанот беше можност да се претстави искуството на АЛДА во спроведување на активности за јакнење на економската моќ на жените преку неколку примери на спроведени проекти. АЛДА е активен подржувач и промотор на родовата еднаквост во своите активности. 

Родовата еднаквост претставува една од приоритетните политики на Меѓународната организација на Франкофонијата и на земјите од Централна и Источна Европа. 
 

Print
Tags:

Name:
Email:
Subject:
Message:
x