Тема 2 : Локална демократија

Активностите на оваа тема овозможија размени помеѓу партнерите од Северна Македонија и Нормандија за соработката помеѓу локалните власти и граѓанското општество како и помеѓу младите и општините со цел да се поддржи развојот на локалната демократија и активното граѓанство.

 

Активностите на тема Локална демократија опфатија многу различни активности за размена на искуства помеѓу партнерите од Нормандија и Северна Македонија за процесите на децентрализација и соработката помеѓу локалните власти и граѓанското општество.

Активностите на тема Локална демократија се одвиваа од мај 2017 до април 2018 година.

Промоција на две публикации за соработката помеѓу општините и граѓанскиот сектор

Промоција на две публикации за соработката помеѓу општините и граѓанскиот сектор
Posted: ноем. 9, 2018

Две публикации за соработката помеѓу општините и граѓанскиот сектор беа промовирани за време на меѓународната конференција „Европска интеграција низ перспективата на соработка меѓу граѓанските здруженија и локалните власти“ организирана на 6 и 7 ноември 2018 година од страна на Европското Движење на Република Македонија и Европската асоцијација за локална демократија – АЛДА Скопје, во рамки на проектот „Граѓанските организации во служба на локалната демократија“ поддржана од ИПА програмата за граѓанско општество и медиуми како и Централната европска инцијатива (ЦЕИ).

За време на настанот авторите на Истражувањата дадоа преглед на нивната методологија и ги презентираа резултатите прикажани во публикациите.

Авторките Станка Парач-Дамјановиќ, Кристина Хаџи-Василева и Билјана Цветановска- Гугоска ја презентираа публикацијата „Соработка помеѓу локалните власти и граѓанското општество во Република Македонија“ изготвена со цел да прикаже преглед на иницијативите од страна на локалните власти и граѓанското општество во Република Македонија, но и во другите земји на Западен Балкан со цел да се обезбеди овозможувачка околина за подобрено учество на граѓанските организации во реформите на патот кон процесот на преговори за пристапување во ЕУ. Децентрализираната соработка помеѓу Нормандија и Македонија е една од добрите практики претставени во оваа публикација.

Авторот Борче Треновски ја презентираше публикацијата „Финансиска и нефинансиска поддршка на локалните власти кон организациите од граѓанското општество“ која прикажува длабинско истражување на финансиската и нефинаниската поддршка на локалната власт кон граѓанскиот сектор, како и идентификација на клучните практики на соработка помеѓу двете страни во Република Македонија. 

Публикацијата „Соработка помеѓу локалните власти и граѓанското општество во Република Македонија“ можете да ја преземете подолу, публикацијата е поддржана од страна на Еврпска Унија како и прогрмата за соработка помеѓу Нормандија и Македонија.

Print
Tags:

Documents to download

Name:
Email:
Subject:
Message:
x