Тема 4 : Млади

Младите заземаат многу значително место во сработката помеѓу Нормандија и Северна Македонија. Тие се идните граѓани кои носат со себе голем потенцијал за развојот на општеството на двете територии.

Активностите на тема Млади се одвиваат уште од самиот почеток на соработката помеѓу Нормандија и Северна Македонија особено во прилог на поттикнување на ангажманот на младите во јавната сфера и јакнењето на нивните капацитети за да можат понатаму да придонесат во животот на нивните заедници.

Tемата Млади ги опфаќа следните две главни Активности: 

1. ЗАЈАКНУВАЊЕ НА КАПАЦИТЕТИТЕ НА МЛАДИНСКИТЕ РАБОТНИЦИ И ФРАНКОФОНСКИ РАЗМЕНИ 
Асоцијацијата СЕГА во соработка со „Maison pour tous Léo Lagrange“ заеднички работат на оваа активност која подразбира обуки за младински работници, содавање и јакнење на партнерства и споделување и промоција на стекнатата експертиза преку работилници, локални активности и јакнење на капацитети на структурите кои работат со млади во Нормандија и Северна Македонија.

2. МЛАДИТЕ И ЛОКАЛНАТА ДЕМОКРАТИЈА: ОПШТИНСКИТЕ СОВЕТИ НА МЛАДИ ОД ИФ И ДЕБАР
Иф и Дебар работат на вклучување на младите луѓе во локалниот живот преку Општинскиот совет на млади. Партнерите организираат подготвителни активности, студиски посети за соработка помеѓу Советите и заедничка работа на теми кои се релевантни за локалното население на двете територии.

Младинска обука во Струга: Искуството на Нормандија во Северна Македонија

Младинска обука во Струга: Искуството на Нормандија во Северна Македонија
Posted: мар. 1, 2022
Categories: Млади

Во периодот од 21 – 24 февруари, 2022 година во Струга, Северна Македонија се одржа Воведна обука за младинска работа [IN-TO] youth work организирана од страна на Коалицијата на младински организации СЕГА во партнерство со организација Maison pour tous Léo Lagrange од Шербур, Нормандија. 

Целта на оваа обука беше учесниците од Северна Македонија да ги зајакнат своите знаења и вештини за младинска работа, но и поблиску да се запознаат со работата и методите на идните младински работници. Обуката придонесе кон подобрување на пристапот на граѓанските организации во полето на младинската работа како и зајакнување на капацитетите на самите вработени за работа со млади како дел од нивната секојдневна работа.

Обуката ја спроведуваа сертифицирани обучувачи од Нормандија, Франција, кои ги пренесоа искуствата и знаењата за работа со млади кои се применуваат во Франција. 

Оваа обука е продолжение на долгогодишната соработка помеѓу Коалицијата СЕГА и организација Maison pour tous Léo Lagrange од Шербур, Нормандија, кои соработуваат на повеќе проекти во областа на младите. 

Обуката беше финансиски поддржана од програмата Нормандија за Мирот, на Регионот Нормандија, Еразмус + и Германско-француската младинска канцеларија. 
 

Print
Tags:

Name:
Email:
Subject:
Message:
x

bflix