Тема 4 : Млади

Младите заземаат многу значително место во сработката помеѓу Нормандија и Северна Македонија. Тие се идните граѓани кои носат со себе голем потенцијал за развојот на општеството на двете територии.

Активностите на тема Млади се одвиваат уште од самиот почеток на соработката помеѓу Нормандија и Северна Македонија особено во прилог на поттикнување на ангажманот на младите во јавната сфера и јакнењето на нивните капацитети за да можат понатаму да придонесат во животот на нивните заедници.

Tемата Млади ги опфаќа следните две главни Активности: 

1. ЗАЈАКНУВАЊЕ НА КАПАЦИТЕТИТЕ НА МЛАДИНСКИТЕ РАБОТНИЦИ И ФРАНКОФОНСКИ РАЗМЕНИ 
Асоцијацијата СЕГА во соработка со „Maison pour tous Léo Lagrange“ заеднички работат на оваа активност која подразбира обуки за младински работници, содавање и јакнење на партнерства и споделување и промоција на стекнатата експертиза преку работилници, локални активности и јакнење на капацитети на структурите кои работат со млади во Нормандија и Северна Македонија.

2. МЛАДИТЕ И ЛОКАЛНАТА ДЕМОКРАТИЈА: ОПШТИНСКИТЕ СОВЕТИ НА МЛАДИ ОД ИФ И ДЕБАР
Иф и Дебар работат на вклучување на младите луѓе во локалниот живот преку Општинскиот совет на млади. Партнерите организираат подготвителни активности, студиски посети за соработка помеѓу Советите и заедничка работа на теми кои се релевантни за локалното население на двете територии.

Млади од градот Иф во посета на Дебар

Млади од градот Иф во посета на Дебар
Posted: авг. 1, 2019

Во периодот од 18 до 25 јули 2019 година, осум млади од градот Иф, Нормандија беа во посета на Дебар. Оваа размена беше организирана како дел од циклусот размени во рамките на активностите за промоција на соживот и културни размени.

 Осумте млади на возраст од 13 до 17 години во текот на една недела имаа можност да се запознаат со различките култури во Дебар преку размени со нивните врсници. Постетата заврши со отворање на изложбата на тема борба против стереотипите во присуство на претставници на општина Дебар и француската амбасада во Скопје.

Иф и Дебар оваа година слават десет години успешна соработка.  По тој повод во двата града се организираат неколку настани.

Print
Tags:

Name:
Email:
Subject:
Message:
x