Тема 4 : Млади

Младите заземаат многу значително место во сработката помеѓу Нормандија и Северна Македонија. Тие се идните граѓани кои носат со себе голем потенцијал за развојот на општеството на двете територии.

Активностите на тема Млади се одвиваат уште од самиот почеток на соработката помеѓу Нормандија и Северна Македонија особено во прилог на поттикнување на ангажманот на младите во јавната сфера и јакнењето на нивните капацитети за да можат понатаму да придонесат во животот на нивните заедници.

Tемата Млади ги опфаќа следните две главни Активности: 

1. ЗАЈАКНУВАЊЕ НА КАПАЦИТЕТИТЕ НА МЛАДИНСКИТЕ РАБОТНИЦИ И ФРАНКОФОНСКИ РАЗМЕНИ 
Асоцијацијата СЕГА во соработка со „Maison pour tous Léo Lagrange“ заеднички работат на оваа активност која подразбира обуки за младински работници, содавање и јакнење на партнерства и споделување и промоција на стекнатата експертиза преку работилници, локални активности и јакнење на капацитети на структурите кои работат со млади во Нормандија и Северна Македонија.

2. МЛАДИТЕ И ЛОКАЛНАТА ДЕМОКРАТИЈА: ОПШТИНСКИТЕ СОВЕТИ НА МЛАДИ ОД ИФ И ДЕБАР
Иф и Дебар работат на вклучување на младите луѓе во локалниот живот преку Општинскиот совет на млади. Партнерите организираат подготвителни активности, студиски посети за соработка помеѓу Советите и заедничка работа на теми кои се релевантни за локалното население на двете територии.

Нормандија за мир: Резиме на активностите на програмата во Северна Македонија

Нормандија за мир: Резиме на активностите на програмата во Северна Македонија

Почнувајќи од 2006 година, Нормандија и Северна Македонија ја развиваат својата соработка преку различни проекти, партнерства, иницијативи и активности. За да се обезбеди одржливост на партнерствата, актерите од двете територии користат различни програми, меѓу кои програмата Нормандија за мир е една од најзначајните. 

Од своето создавање, програмата Нормандија за мир се обидува да создаде нови канали за соработка во име на регионот Нормандија. Партнерствата што ги нуди оваа програма опфаќаат многу области, како што се млади, медиуми, култура и нови технологии. Партнерства склопени преку програмата  се дел од меѓународната стратегија на регионот Нормандија и стануаваат алатка за споделување на експертизата на Нормандија во овие области.

Во 2016 година, преку проектот „Фронтот на Првата светска војна во Северна Македонија“ програмата започнува со активности во Северна Македонија, со цел повторно да ја подигне свеста за културното и историското наследство. 

По 5 години на спроведување на активности во различни интервали, во различни области и обединувајќи значаен број на партнер, создадена е публикација која ги резимира различните акции кои се спроведувале на двете територии.

Под наслов „Капитализација на активностите спроведени во Северна Македонија и Нормандија во рамките на програмата Нормандија за мир“, публикацијата има за цел да го истакне богатството на активности на двете територии во насока на одржлив развој и продлабочување на соработката помеѓу Нормандија и Северна Македонија . 

Публикацијата е достапна на два јазика: англиски и француски. 

Можете да ја преземете подолу.
 

Print
Tags:

Documents to download

Name:
Email:
Subject:
Message:
x

bflix