Тема 4 : Млади

Младите заземаат многу значително место во сработката помеѓу Нормандија и Северна Македонија. Тие се идните граѓани кои носат со себе голем потенцијал за развојот на општеството на двете територии.

Активностите на тема Млади се одвиваат уште од самиот почеток на соработката помеѓу Нормандија и Северна Македонија особено во прилог на поттикнување на ангажманот на младите во јавната сфера и јакнењето на нивните капацитети за да можат понатаму да придонесат во животот на нивните заедници.

Tемата Млади ги опфаќа следните две главни Активности: 

1. ЗАЈАКНУВАЊЕ НА КАПАЦИТЕТИТЕ НА МЛАДИНСКИТЕ РАБОТНИЦИ И ФРАНКОФОНСКИ РАЗМЕНИ 
Асоцијацијата СЕГА во соработка со „Maison pour tous Léo Lagrange“ заеднички работат на оваа активност која подразбира обуки за младински работници, содавање и јакнење на партнерства и споделување и промоција на стекнатата експертиза преку работилници, локални активности и јакнење на капацитети на структурите кои работат со млади во Нормандија и Северна Македонија.

2. МЛАДИТЕ И ЛОКАЛНАТА ДЕМОКРАТИЈА: ОПШТИНСКИТЕ СОВЕТИ НА МЛАДИ ОД ИФ И ДЕБАР
Иф и Дебар работат на вклучување на младите луѓе во локалниот живот преку Општинскиот совет на млади. Партнерите организираат подготвителни активности, студиски посети за соработка помеѓу Советите и заедничка работа на теми кои се релевантни за локалното население на двете територии.

Посткатастрофични градови во компаративна перспектива

Посткатастрофични градови во компаративна перспектива

Настанот „Посткатастрофични градови во компаративна перспектива“ поддржан од програмата „Нормандија за Мир“, се одржа на 13 декември 2021 година во Скопје, Северна Македонија во хибриден формат. 

Дискусијата имаше за цел да понуди неколку интерпретации на посткатастрофични градови во и вон Европа. Поканетите експерти имаа можност да ги претстават своите истражувања на повеќе посткатастрофични градови и нивните обнови. 

Г-ѓа Стефани Дупон од секторот за културното наследство на Регионот Нормандија зборуваше за ознаката „Наследство од периодот на Реконструкција во Нормандија“, создадена од регионот Нормандија за заштита на наследството на градовите обновени по Втората светска војна. Г. Груја Бадеску од Универзитетот Констанц даде неколку примери на градови вo и вон Европа кои биле обновени по катастрофа, како Букурешт и Мостар.

Конечно, Наум Трајановски, од Полската академија на науките ја претстави книгата „Скопскиот земјотрес од 1963 година и постземјотресната обнова: Лични сведоштва“, создадена како дел од проектот „Скопскиот земјотрес од 1963 година. Сеќавања, идентитети, акции“.

Настанот беше организиран како дел од проектот „Скопскиот земјотрес во 1963 година. Сеќавања, идентитети, акции“ спроведен од страна на ЦИНИК-Центар за истражување на национализмот и културата и поддржан од програмата Нормандија за мир на Регионот Нормандија, АЛДА и Министерство за култура на Република Северна Македонија.
 

Print
Tags:

Name:
Email:
Subject:
Message:
x

bflix