Тема 4 : Млади

Младите заземаат многу значително место во сработката помеѓу Нормандија и Северна Македонија. Тие се идните граѓани кои носат со себе голем потенцијал за развојот на општеството на двете територии.

Активностите на тема Млади се одвиваат уште од самиот почеток на соработката помеѓу Нормандија и Северна Македонија особено во прилог на поттикнување на ангажманот на младите во јавната сфера и јакнењето на нивните капацитети за да можат понатаму да придонесат во животот на нивните заедници.

Tемата Млади ги опфаќа следните две главни Активности: 

1. ЗАЈАКНУВАЊЕ НА КАПАЦИТЕТИТЕ НА МЛАДИНСКИТЕ РАБОТНИЦИ И ФРАНКОФОНСКИ РАЗМЕНИ 
Асоцијацијата СЕГА во соработка со „Maison pour tous Léo Lagrange“ заеднички работат на оваа активност која подразбира обуки за младински работници, содавање и јакнење на партнерства и споделување и промоција на стекнатата експертиза преку работилници, локални активности и јакнење на капацитети на структурите кои работат со млади во Нормандија и Северна Македонија.

2. МЛАДИТЕ И ЛОКАЛНАТА ДЕМОКРАТИЈА: ОПШТИНСКИТЕ СОВЕТИ НА МЛАДИ ОД ИФ И ДЕБАР
Иф и Дебар работат на вклучување на младите луѓе во локалниот живот преку Општинскиот совет на млади. Партнерите организираат подготвителни активности, студиски посети за соработка помеѓу Советите и заедничка работа на теми кои се релевантни за локалното население на двете територии.

Нормандија за мир: Резиме на активностите на програмата во Северна Македонија

Почнувајќи од 2006 година, Нормандија и Северна Македонија ја развиваат својата соработка преку различни проекти, партнерства, иницијативи и активности. За да се обезбеди одржливост на...

Посткатастрофични градови во компаративна перспектива

Настанот „Посткатастрофични градови во компаративна перспектива“ поддржан од програмата „Нормандија за Мир“, се одржа на 13 декември 2021 година во Скопје, Северна...

bflix